3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез промена на каматната стапка во Австралија

Без промена на каматната стапка во Австралија

bank aus 33

Централната банка на Австралија ја задржа без промена основна каматна стапка веќе десетти месец по ред, иако изнесените изненадувачки слаби податоци дадоа индикации дека економијата на земјата имала тешкотии во крајот на минатата година.

Додека централните банки од Кина до Јапонија применуваат повеќе стимулации, Централната банка на Австралија ја остави својата основна каматна стапка на ниво од 2%. Изгледите за понатамошно олеснување на монетарната политика остануваат, но изјавата на Централната банка беше речиси без промена и не дава индикации за евентуални дејства во однос на каматната стапка.

Прелиминарните очекувања на аналитичарите, исто така беа дека банката нема да направи промени, според студијата на „Reuters“. Тоа ја ограничи реакцијата на пазарите до благо поскапување на австралискиот долар.

Од последната промената на каматната стапка во мај, Централната банка јасно го покажува изборот за понатамошно стимулирање преку евтина валута. Централните банки во светот се стремат да ги одржуваат своите валути конкурентни, додека преземаат се поагресивни чекори за обновувањето на економскиот раст.

Централната банка на Јапонија неодамна ги изненади пазарите, така што воведе негативни каматни стапки; Кина ги намали ограничувањата во однос на ликвидноста, а Европската централна банка речиси сигурно се очекува да ја прошири својата програма за откуп на средства на средбата која ќе се одржи следната недела.

Австралискиот долар се тргуваше на ниво од 0.7132 во однос на американскиот долар, задржувајќи се доста над достигнатото дно во јануари од 0.6828. Ова е една од причините инвеститорите да се надеваат барем на уште едно намалување на каматите, а очекувањата се за намалување за 25 базични поени во мај.

Објавените податоци дополнително водат до намалување на каматите. Нето извоз на земјата не додал ништо кон БДП-то во минатото тримесечје, додека аналитичарите очекуваат приносот да е во износ од околу 0,3 процентни поени. Така аналитичарите предвидуваат зголемување од околу 0,4% за БДП во минатото тримесечје или помалку во споредба со третиот квартал од минатата година.

Годишниот економски раст се очекува да остане без промена на ниво од 2,5%, што е повисоко од повеќето од развиените земји, но под стандардите на Австралија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП