28 март, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Блескави партии на Вестбрук и Адетокумбо

НБА: Блескави партии на Вестбрук и Адетокумбо

janis vestbruk 00

Изминатата ноќ во НБА лигата мина во знакот на неколку брилијантни индивидуални партии, а особено се истакнаа бекот на Окалхома, Расел Вестбрук и крилото на Милвоки Јанис Адетокумбо.

Вестбрук имаше учинок од 20 поени, 13 скокови и 15 асистенции во победата на Оклахома во Сакраменто (131:116). ‘Трипл дабл’ оствари и Адетокумбо, тој во триумфот на Милвоки над Хјустон (128:121) имаше учинок од 18 поени, 17 скокови и 11 асистенции.

Покрај Адетокумбо блескаа кај Милвоки и Џабари Паркер со 36, односно Крис Мидлтон со 30 поени.

Кливленд ја прекина серијата од два порази, со победата над Индијана (100:96). Леброн Џејмс, кој го пропушти претходниот меч на Кливленд, го предводеше тимот со 33 поени.

Блескаво издание имаше и плејмејкерот на Вашингтон, Џон Вол, тој реализира 37 поени во триумфот на Визардс над Филалделфија (116:108).

Џејк Краудер постигна 22 поени, а Бостон славеше над Јута (100:95), додека со ист број на поени како и Краудер, Зек Рендолф го предводеше Мемфис до победата во Денвер (103:96).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП