21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПонеделникот ден на објави на ценовно чувствителни информации

Понеделникот ден на објави на ценовно чувствителни информации

македонска-берза

Прометот на стартот на новата трговска недела изнесуваше над 5,6 милиони денари во кој процентуално најголемо учество имаа акциите на Алкалоид и Комерцијална Банка АД Скопје. 

Најголем добитник на денешното тргување беше неликвидната акција на Земјоделско сточарски комбинат Струмица со раст на цената за цели 200 отсто при истргувано количество од само 5 акции по просечна цена од 300 денари.

На листата на добитници се најдоа и акциите на Македонски Телеком, Реплек, Охридска Банка и уште четири хартии. Листата на губитници беше далеку помалку бројна од добитничката, а како најголем губитник се издвои акцијата на Стопанска Банка Скопје со пад на вредноста за 2,15 отсто.

Индексот МБИ10 во понеделникот бележеше пораст на вредноста од 0,68 отсто, додека индексот ОМБ не ја промени својата позиција.

ТТК Банка АД Скопје ги објави неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01.2015 до 31.12.2015, каде е евидинтирана нето добивка од 619 илјади евра. Во споредба со истиот период минатата година, каде добивката изнесуваше 488 илјади евра, ова претставува подобрување на резултатите на Банката.

Според неревидираниот финансиски извештаи на УНИ банка АД Скопје објавен на официјалниот сајт на Македонската берза за периодот 01.01.2015 – 31.12.2015, Банката објави добивка од 1,3 милиони евра. За истиот период минатата година добивката на Банката изнесувала 1,1 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП