2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИThe New Day првиот дневен британски весник по 30 години

The New Day првиот дневен британски весник по 30 години

new-da

Британскиот премиер Дејвид Камерон даде свој придонесе во покренувањето на првиот нов национален дневен весник во Велика Британија во последните 30 години, со кој се сака да се докаже да печатените медиуми може да опстанат во ерата на интернетот.

Весникот The New Day, кој го покрена издавачката куќа „Trinity Mirror“, се појави во понеделникот на киосците со ударната сторија за децата коишто се грижат за своите родители и колумната на премиерот Дејвид Камерон во којашто повикува на останување на Велика Британија во Европската унија.

И покрај големиот пад на тиражите на печатените весници, поради што на пример еден од етаблираните весници The Independent минатата седмица објави дека од 26-ти март ќе премине да излегува исклучиво на интернет, уредништвото на новиот весник верува дека токму неговиот печатен формат ќе му овозможи да опстане.

„Би биле, секако, многу глупави кога би покренале само уште еден нов весник. Но тој не е тоа. Да, пренесуваме вести и тие се печатени. Но тука сите сличности со другите престануваат. Знаеме дека ова не може да биде само уште еден весник“, истакнуваат од уредништвото на The New Day.

Британскиот премиер Дејвид Камерон во својата колумна предупредува на неизвесноста од можното излегување на земјата од ЕУ. „Нов ден е. Нов ден во кој три милиона луѓе ќе отидат на работното место поврзано со британската трговија со Европа“, пишува.

Покрај стандардните содржини, како што се крстозбори, трачеви од шоубизнисот, рецепти и хороскопи, весникот во првиот број донесува написи за страдањата на албино децата во Африка и „армијата“ млади лица во Британија кои мора да се грижат за своите родители.

Весникот, наменет на читателската публика меѓу 35 и 55 години, ветува дека ќе биде политички непристрасен, дека ќе се концентрира на добрите вести исто како и на лошите, и дека нема да ги раздвојува традиционално машките од женските теми.

Весникот од 40 страници во понеделникот се делеше бесплатно, а инаку ќе чини 50 пени.

Издавачот „Trinity Mirror“ истакнува дека новиот дневен весник ќе биде сосема поинаков од The Daily Miror, неговото главно издание, чијшто тираж последната година паднала за 12 отсто, на околу повеќе од 800.000 примероци во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП