18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата над 35 долари, Саудиска Арабија спремна на соработка

Цената на нафтата над 35 долари, Саудиска Арабија спремна на соработка

nafta kop

Цената на нафтата се стабилизираше во понеделникот на светските берзи над 35 долари, откако Саудиска Арабија порача дека ќе соработува со останатите производи за контрола на силните осцилации на пазарот.

На лондонската берза цената на барел нафта порасна 44 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 35,54 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по речиси непроменета цена во однос на претходното затворање, од 32,95 долари.

Саудиска Арабија, Катар и Венецуела, кои се членки на OPEC постигнаа во февруари договор со Русија за замрзнување на производството на јануарско ниво за да се поттикне цената на нафтата.

Во меѓувреме од Саудиска Арабија стигна дополнителна потврда за подготвеност за соработка.

„Кралството (Саудиска Арабија) настојува да постигне стабилност на пазарот на нафта и трајно да остане во контакт со водечките производители во обид да се ограничат осцилациите. Исто така, го поздравува секој конкретен чекор за соработка“, се наведува во соопштението на саудиската влада.

Рускиот претседател Владимир Путин свика, пак, за утре состанок со челниците на водечките руски производители на нафта. Reuters цитира неименувани извори според кои тема на состанокот треба да бидат ниските цени на нафта и даноците. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков не сакаше да потврди дека состанокот ќе биде одржан во вторник.

Финансиските податоци исто така сугерираат за промена на расположението на пазарот. Исто така податоците на InterContinental Exchange покажуваат дека шпекулациите со раст на цената на нафтата се на највисоко ниво од 2011 година, откако се објавуваат овие податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП