3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарските земјоделци погодени од руското ембарго

Бугарските земјоделци погодени од руското ембарго

desislava taneva 33

Загубите на земјоделците во Бугарија поради руското ембарго на увоз на храна достигнаа 300 милиони лева (167 милиони долари), изјави министерката за земјоделие Десислава Танева, во интервју за бугарското државно радио.

„Загубите се воглавно поврзани со падот на цените на производите опфатени со забраната“, рече Танева.

Таа истакна дека Софија е заинтересирана за обновување на односите и враќање на традиционалниот пазар во најкраток можен рок, но тоа не може да го стори самостојно, туку само како дел од Европската унија.

Москва забрани увоз на прехранбени производи од државите кои воведоа санкции кон Русија во август 2014 година поради нејзино наводно воено ангажирање во источна Украина и поради враќање на Крим во составот на Руската Федерација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП