20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина повторно го девалвира јуанот

Кина повторно го девалвира јуанот

juan 3399

Денеска Кинеската централна банка го фиксираше курсот на јуанот кон доларот на најниско ниво за четири недели, и покрај најавите на гувернерот дека нема основа за дополнителна девалвација.

Народната банка на Кина го одреди курсот на јуанот кон доларот на 6,5452 јуани за долар, со што го девалвираше јуанот за 0,17 отсто во однос на вредноста од петокот, покажуваат официјалните податоци на службениот систем за тргување.

Претходните податоци покажуваат дека курсот на кинеската валута кон доларот со тоа е спуштен на најниско ниво од 3 февруари.

Кинескиот гувернер Зхоу Хиочуан во петокот порача дека јуанот ќе биде стабилен.

„Нема основа за континуирано слабеење на јуанот гледано од перспектива на темелните фактори“, нагласи кинескиот гувернер.

За да се спречат осцилациите и да се задржи контролата над домашната валута, кинеските власти дозволуваат слабеење односно јакнење на јуанот за два отсто во однос на дефинираниот дневен курс.

Притоа централната банка по неочекуваната девалвација на инаку стабилниот јуан во август минатата година-за речиси пет отсто во род од една недела-во јануари повторно ја девалвираше домашната валута, поттикнувајќи ги сомневањата дека со валутна војна се обидува да го поевтини извозот.

Кинеската централна банка одделно во понеделникот соопшти дека во финансискиот систем вбризгала 230 милијарди јуани (35 милијарди долари), со што вкупниот изноз на финансиските инјекции во изминатата недела надмина илјада милијарди јуани, наведуваат кинеските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП