5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската STS Textiles инвестира во Демир Хисар

Германската STS Textiles инвестира во Демир Хисар

sts textiles 33

Германската текстилна компанија STS Textiles, денеска најави браунфилд инвестиција во Демир Хисар, каде во капацитетите на поранешна „Застава“ првично ќе вложи четири милиони евра и ќе отвори 150 работни места.

Според сопственикот Маркус Туч, компанијата планира бројот на вработени долгорочно да достигне 1.000.

„Ние сме високо технолошка компанија од текстилната индустрија. Македонија е второто место каде ќе имаме производство. Посетивме неколку држави, Холандија, Бугарија, Романија и Македонија, но по напорите што ги вложи македонскиот тим одлучивме да инвестираме тука“, изјави Туч.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, рече дека STS Textiles е високо технолошка компанија која лани од германскиот магазин „Менаџер“ е прогласена за најиновативна компанија во оваа дејност во Германија. Влезот на ЅТЅ Textiles на македонскиот пазар, според Пешевски, ќе овозможи директни и индиректни вработувања, воведување нови технологии, трансфер на знаења и вештини на локалното население, развој на демирхисарскиот регион и намалување на невработеноста.

Климент Шекеровски, заменик директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции и учесник во преговорите за инвестицијата, нагласи дека вложиле многу труд и време да го убедат менаџментот на компанијата дека Макеоднија е добар избор за нив и оти Владата и општината ќе бидат нивен партнер којшто целосно ги поддржува во реализација на инвестицијата.

Градоначалникот на Демир Хисар, Љупчо Блажевски, смета дека по паузата во транзицијата, повторно ќе се запалат светилките на производствените погони на поранешна „Застава“ во Демир Хисар.

„Во изминатиот период нашиот потврден германски бизнис партнер ЅТЅ Textiles развиваше проектна идеја и бизнис план за инсталирање производствена технологија што ќе обезбеди нови вработувања“, рече Блажевски.

На објавувањето на инвестицијата присуствуваа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и министерот за странски инвестиции Џери Наумоф.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП