19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСрбија остварила раст од 1,2 отсто

Србија остварила раст од 1,2 отсто

serbia

Србија во четвртиот квартал од 2015 година оствари реален раст на бруто домашниот производ од 1,2 отсто на годишно ниво, соопшти во понеделникот Српскиот завод за статистика.

БДП-то во четвртиот квартал од минатата година беше ист како и во претходниот квартал.

Набљудувано по дејности, во последниот квартал од 2015 года во однос на истиот период од претходната година забележан е раст во градежништвото од осум отсто, снабдувањето со вода и управување со отпадни води од 6,8 отсто и секторот финансиски дејности и дејности осигурување од 4,1 отсто.

Значителен пад на бруто додадената вредност има секторот земјоделие, шумарство и рибарство од 6,7 отсто.

Вкупниот раст на БДП-то на Србија во 2015 година, според прелиминарните податоци, бил 0,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП