26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо неделата издадени потврди за влез во земјата на само 92 мигранти

Во неделата издадени потврди за влез во земјата на само 92 мигранти

migranti21

Во неделата од страна на МВР издадени биле потврди за влез во земјата на вкупно 92 странски државјани, од кои 30 од машки и 22 од женски пол, како и на 40 деца кои го придружуваат носителот на потврдата. Според државјанството, потврди се издадени на 79 државјани на Сирија и на 13 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан. 

Од почетокот на годината па до 28-ми февруари, издадени  се потврди на вкупно 87.630 странски државјани, од кои 34.730 се од машки пол, 19.141 се од женски и 33.544 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 215 деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-43.095, Авганистан-26.546 и Ирак-17.986.

Годинава до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

До Секторот за азил, пак, во неделата не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП