15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААпликација ќе ги воведува учениците од мали нозе во светот на претприемништвото

Апликација ќе ги воведува учениците од мали нозе во светот на претприемништвото

ademi--ooo

Министерството за образование и наука и Woogi International (WI – ИТ компанија од САД) во понеделник потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на заеднички проект во основно и средно образование.

Целта на проектот е воведување на апликација креирана за подигнување на нивото на Англиски јазик и Претприемништво преку игра и менторирање во реално време од ментори кои се на нивна возраст и кои Англискиот јазик им е мајчин јазик, преку креирање на заедничка група во играта комуницирајки еден со друг го подобруваат нивото на Англискиот јазик.

Апликацијата креирана од компанијата веќе се кориисти во училишта во неколку земји, како што се САД, Канада, Бразил и Кина.

„Целта на апликацијата е да се воведат од мали нозе учениците во светот на претприемништвото, со што структурата на апликацијата е направена во неколку фази и за различни возрасти. Истата се користи за деца од предшколска возраст до средно ообразование. Во горенаведените земји, играта даде двоен ефект и тоа: Креирање на претприемнички дух кај младите од рана возраст и подобрување на Англискиот јазик“, истакна министерот Адеми

Содржината на курсот е акредитирана од Универзитетот во Калифорнија, каде што истиот по завршувањето на курсот доделува и диплома.

Нивото на Англиски јазик, потенцираше Адеми, исто така ќе се оценува според ТЕСОЛ стандардите каде што секој ученик ќе добие диплома со соодветното ниво на знаења на Англискиот јазик.

Во првата фаза (пилот проектот) ќе се организира натпревар помеѓу ученици од САД, Канада, Бразил и Кина. Натпреварот ќе почне во јуни оваа година и ќе трае два месеца.

Претходно во март, од страна на компанијата ќе се обучат советниците во БРО со цел запознавање со апликацијата, како и ракување со истата. Учениците во овие два месеца додека трае натпреварот ќе бидат поврзани едни со други он-лине, формирајќи заеднички тимови со учениците од сите пет земји и заедно ќе се натпреваруваат со другите тимови.

Пилот-програмата ќе обезбеди основа и податоци за успешноста за анализата за евентуално проширување на истата за ученици од сите основни и средни училиштата во Република Македонија

Предложената програма ќе трае околу два и пол месеца (од 15 јуни до 31 август) и истата е бесплатна за сите ученици кои ќе бидат дел од пилот проектот.

Од Република Македонија ќе се натпреваруваат пет основни и едно средно училиште со што учениците од средното училиште ќе можат да бидат и ментори за ученици од другите држави ако ги исполнуваат условите предвидени со ТЕСОЛ стандардите.

Учениците ќе бидат во можност да пристапат во програмата онлајн и од различни локации со што во летниот период ќе можат од дома да работат.

„Со овој меморандум Министерството за образование и наука добива двегодишен бесплатен пристап на програмата од страна на компанијата со што сите ученици, наставници и  родители можат да имат пристап до апликацијата и да ги следат нивните ученици или деца,  како напредуваат како со Англискиот јазик, така и со претприемничките вештини. Преку системот за управување со апликацијата Министерството, училиштата и родителите во реално време ќе бидат известени за оценуваањето и евентуалните проблеми на учениците. Овој сервис за учениците ќе биде обезбеден и достапен 24/7 за време на пилот програмата“, истакна министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП