19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГвардиола дебитира на 14-ти јули

Гвардиола дебитира на 14-ти јули

Pep-Guardiola-Bayern

Пеп Гвардиола ќе дебитира на клупата на Баерн Минхен на 14-ти јули за кога е закажана првата контролна средба на „баварците“ против Ханза Рошток.

Пријателскиот натпревар кој е дел од подготовките за следната сезона ќе се одржи во Рошток, а целта на овој дуел е да се соберат повеќе пари за локалниот тим Ханза, кој се наоѓа во тешка финансиска состојба.

Дуелот ќе се одржи пред 29 илјади гледачи, колку што може да се собере стадионот во Рошток.

Само десет дена подоцна на 24-ти јули Баерн Минхен ќе одигра пријателски натпревар во рамките на Купот на Ули Хенес кој е од хуманитарен карактер, а противник ќе им биде поранешниот клуб на Гвардиола, Барселона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП