6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАAрапите пропаѓаат поради 4 причини, банкрот за 3 години?

Aрапите пропаѓаат поради 4 причини, банкрот за 3 години?

arapite 353453

Во минатото бевме сведоци, кога и да паднеше цената на сировата нафта, „ОПЕК“, предводен од Саудиска Арабија, со едноставен потег ја стабилизираше цената.

Намалувањето на производството беше „магичното стапче“, но очигледно дека овој метод повеќе не функционира.

Саудиска Арабија се уште не е во финансиски проблеми поради ниската цена на нафтата. Меѓутоа, ако сегашните трендови продолжат, наскоро и богатата монархија би можела да остане без пари.

На иницијатива на Саудиска Арабија, „OПЕК“, заедно со Русија, веќе одлучи да го намали производството, но значаен ефект за зголемување на цените не видовме.

Според „Бизнис Инсајдар“, Саудиска Арабија нема повеќе можност да ја контролира цената на нафтата на светскиот пазар.

Доколку дојде до зголемување на цената на нафтата на 60 долари по барел од производството од шкрилци во САД, таа би станала исплатлива и САД повторно ќе го зголеми своето производство.

Фактот дека САД веќе го превзема првото место според производство на сирова нафта и дека, по децениски забрани, потворно започнаа со извоз, никако не и одат од рака на Саудиска Арабија.

Исто така, членките на „ОПЕК“ најчесто мамат и не го почитуваат договореното за намалување на производството на нафта. Тоа би можело да се повтори затоа што на повеќето земји кои се членки на „ОПЕК“ очајно им се потребни „свежи“ пари.

На Иран конечно му се укинати санкциите, а оваа земја е една од најбогатите кога се гледаат резервите на нафта. Иран наскоро на пазарот ќе понуди милион барели нафта дневно, а фактот дека со тоа ќе и наштетат на Саудиска Арабија, воопшто не ги загрижува.

Четвртата причина поради која Саудиска Арабија не успева да ја зголеми цената се огромните залихи во САД и другите земји, како и забавувањето на економијата во Кина.

Ако центата на нафтата остане на сегашното ниво, дури и намалувањето на буџетскиот разход за 25 отсто, Саудиска Арабија ќе банкротира за три до пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП