Место каде ќе го најдете вашиот духовен мир!
На само 6,5 км оддалеченост од строгиот центар на Скопје во близина на општинската зграда во населбата Сопиште, надвор од градскиот метеж и далеку од скопскиот смог започна изградбата на резиденцијалниот станбен комплекс Ветрило. Репрезентативен објект интересен за сите семејства кои сакаат да започнат фамилијарна приказна во опуштена и незагадена средина, и да го најдат духовниот мир и хармонија. Целиот комплекс зрачи со позитивна енергија, становите ги карактеризира многу светлина и одличен внатрешен распоред. При проектирањето е обрнато внимание на многу мали детали, се со цел да се обезбеди хармонија и задоволство за идните станари.
Покрај модерниот надворешен изглед, со кој овој комплекс потсетува на луксузен медитерански објект, го карактеризира статика која е сеизмички проверена и одобрена од институтот за сеизмологија во Скопје, како и перфектна звучна и термичка изолација што го става во категорија на високо енергетско ефикасни објекти. Тоа за новите семејства кои ќе се вселат ќе значи заштеда на значителна сума од буџетот за греење и ладење на нивниот нов дом. Цената по квадрат е значително поволна, што го прави овој објект вистинска животна инвестиција.
Комплекс се состои од 18 типски објекти поделени на три типа А, Б, В. Квадратурата на објектите е 120 м2 , распределени на два ката, приземје и кат. Во приземјето се сместени кујна со трпезарија и дневна соба, додека на катот се сместени спалните соби со две бањи и тераси. Квадратурата на парцелите каде што се сместени објектите се движат од 200-240 м2, што е доволно да можат да се паркираат две возила и да се сместат содржини за рекреација. Самиот комплекс е поделен со две внатрешни ново проектирани улици кои пак овозможуваат дополнителна приватност. Комплексот е свртен спрема исток, југ и југо запад, локацијата е во благ пад што овозможува објектите да бидат каскадно наредени, и да не си пречат еден на друг, да има многу светлина и и да се овозможи и поубав поглед. Видео https://drive.google.com/file/d/0B2Q3ZKgZiWsqRXU1TnRpQkN1bVU/view?invite=CMLEyMQP&ts=56c77585&pref=2&pli=1
Загаденоста, секојдневниот стрес влијаат луѓето се повеќе да сакаат да живеат подалеку од градската гужва, во чиста еколошка средина, и со тоа да го заштитат сопственото здравје, кое е најголемиот луксуз денес.
Сопствен двор, базен, природа, чиста еколошка средина, мир и хармонија и многу сонце, се работите кои немаат цена. Инвестирајте паметно и на долг рок. За дополнителни информации испратете прашања на следниов меил [email protected]