3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНегативната инфлација во еврозоната шок за сите

Негативната инфлација во еврозоната шок за сите

inflacijacenigermanija5e4f4f4ew4

Инфлацијата во еврозоната во февруари прејде во „црвено, бидејќи падна на минус 0,2 проценти на годишно ниво.

Тоа е очигледен сигнал дека поттикнувачките мерки на Европската централна банка не даваат резултати, оценува агенцијата Франс прес.

Станува збор за голем пад на инфлацијата во однос на позитивната стапка од 0,3 проценти од јануари, што, како што оценува АФП, ќе го зголеми притисокот на ЕЦБ да лансира нови мерки за оживување на европската економија и поттикнување на инфлацијата.

Негативната инфлација во февруари е последица на остриот пад на цената на енергентите од 8,0 проценти, по јануарскиот пад од 5,4 проценти, пренесува американската агенција АП.

Базната инфлација во еврозоната, од која се исклучени колебливите цени на енергентите, храната, алкохолот и цигарите, исто така била слаба, потонувајќи на 0,7 проценти од 1,0 проценти.

Најновите податоци на европската служба за статистика Еуростат се значително под проекциите на аналитичарите, кои очекуваа нулта инфлација во февруари, и исто така се значително под официјалната цел на ЕЦБ од нешто под два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП