2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDeutsche bank препорачува купување злато

Deutsche bank препорачува купување злато

zlato pracki

Аналитичарите на Deutsche bank во најновите анализи препорачуваат и купување на злато, тврдејќи дека тоа би можело да гарантира сигурност во време на нестабилност.

„Во глобалниот финансиски систем забележуваме значителни промени, посебно корпоративниот ризик на САД, заради остриот одлив на капиталот во Кина, сметаат во Deutsche bank.

Но, иако цената на златото падна од ниво од 1,9 илјади УСД на околу 1,2 илјади УСД во последните четири години, се чини дека златото и натаму е скапо, со оглед на тоа дека претставува една од најскапите стоки, посебно во однос на своите последни 15 години од тргувањето.

Еден од старите аргументи против инвестирањето во злато е што овој благороден метал не носи никаков принос.

Но доколку сега се земат предвид негативните каматни стапки на банката, јасно е зошто златото станува примамливо за инвеститорите.

Deutsche bank им порачува на инвеститорите да бидат трпеливи кога е во прашање купување на злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП