19 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрезентација на американската книжевност во НУБ „Св. Климент Охридски“

Презентација на американската книжевност во НУБ „Св. Климент Охридски“

kniz

НУБ „Св. Климент Охридски“ и Американското катче во Скопје организираат „Денови на светската книжевност“, овојпат како „Американски класици: поттикнување на метакогницијата преку кратките раскази на Реј Бредбери“, во понеделник со почеток во 13 часот, во Центарот за конференции и студии во НУБ.

Осврт за американската книжевност ќе има Вера Сотировска која ќе се фокусира на важноста на читањето и развивањето на имагинацијата преку расказите на Бредбери. Реј Бредбери се вбројува меѓу класиците на американската научно-фантастична книжевност. Негови најпознати дела се култниот роман „Фаренхајт 451“, делото „Марсовските хроники“ и други.

Сите љубители на пишаниот збор кои ќе присуствуваат на овој настан ќе можат да ги разгледаат и да ги купат книгите од американските писатели преведени на македонски јазик, објавени во рамки на капиталните издавачки проекти „Превод на дела од автори кои добиле Нобелова награда за литература“ и „Ѕвезди на светската книжевност“.

Во текот на целата 2016 година во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од македонската тековна и актуелна книжна продукција и од капиталните издавачки проекти, а ќе се организираат и книжевни средби, трибини и придружни манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации.

Планираните програмски активности се во функција на популаризација на македонската книжевност и на преводите од светската книжевност, на богатата и разновидна издавачка продукција во Република Македонија и на новите публикации, како од афирмирани и етаблирани писатели, така и од млади автори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП