8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОд Nokian 10 години прикажувале лажни резултати од тестовите

Од Nokian 10 години прикажувале лажни резултати од тестовите

nokian gumite 33

Скандинавскиот производител на гуми – компанијата „Nokian Tyres“, се извини за систематско фалсификување на резултатите од тестовите на своите производи. Финците признаа дека во последниве 10 години за демонстрации и испитувања создавале специјални серии гуми, кои покажувале повисоки резултати.

На официјалниот сајт на компанијата, која е еден од најголемите производители на гуми во светот, раководството соопшти официјално за измамата. Скандалот се појави претходно, откако финското издание „Kauppalehti“ прво го раскажа фалсификатот.

Новинари од медиумите открија дека од „Nokian“ давале за тестовите на летни и зимски гуми специјални производи кои се карактеризираат значително од оние кои всушност ги продаваат. Новинарите утврдиле и дека експертите од компанијата темелно ги изучувале гумите на конкурентните производители и без да се срамат ги користеле нивните технологии во своите производи.

Сето тоа соодветно доведе до постигнување на високи резултати од страна на гумите на „Nokian“. Спроведената официјална истрага исто докажала дека стандардните гуми на компанијата сосема не ги покажуваат истите резултати, какви што имаат тест примероците.

„Сакам да се извинам за грешките што сме ги дозволувале во минатото и да ги уверам сите дека уште минатата година им забранивме на сите наши соработници и единици да произведуваат гуми наменети за независни тестови“, изјави шефот на „Nokian Tyres“, Ари Лехоранта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП