26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ќе отпушти 1,8 милиони работници во рударската индустрија

Кина ќе отпушти 1,8 милиони работници во рударската индустрија

rudari kina 335

Кина ќе отпушти 1,8 милиони работници во рударската индустрија и производството на челик, за да ги намали преголемите капацитети во тие сектори, порача кинеското министерство за човечки ресурси и социјална сигурност.

Кинескиот министер за човечки ресурси и социјална сигурност Јин Веимин рече дека редуцирањето на капацитетите ќе доведе до отпуштање на работници во 2016 година, но додаде дека е уверен оти вработеноста и оваа година ќе остане стабилна, покрај трендот на забавување на растот на економијата.

При тоа не наведе рокови во кои ќе бидат укинати тие 1,8 милиони работни места.

Една од главните кинески цели е да се намали производството на јаглен за околу 500 милиони тони во следните три до пет години и запирање на сите нови проекти поврзани со експлоатацијата на јаглен.

Покрај тоа, со оглед на слабеењето на светската економија, а со тоа и на побарувачката, Кина има намера да ги намали и капацитетите во производството на челик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП