11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗградата на улица "Владимир Полежановски" ќе добие нова фасада

Зградата на улица “Владимир Полежановски” ќе добие нова фасада

polezanovski

Општина Центар ја започна реконструкцијата на фасадата на зградата на улица “Владимир Полежановски” 19, со површина од 1.574 м2.

Нова фасада ќе добие зградата која била изградена во педесеттите години од минатиот век и е меѓу првите колективни згради во Буњаковец, среде дотогаш доминантните приватни куќи со градини.

Ќе биде задржан нејзиниот автентичен изглед, а боите, како што е веќе практика, ќе бидат избрани во договор со станарите. Новите фасади овозможуваат многу подобри услови за живеење за станарите, заштитени од влијанието на промените во годишните времиња и за 30 % пониски сметки за електрична енергија.

Се работи за контактна фасада, изведена со стиропор со дебелина од 5cm и завршен слој од пластичен малтер. Исто така, ќе се заменат и окапниците и олуците.

Со оваа интервенција, општината реконструираше десет фасади за две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП