10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот се наоѓа пред нова економска криза

Светот се наоѓа пред нова економска криза

citigroup2

Шансите за рецесија по неколку години релативен мир на пазарите и стабилен глобален раст, повторно се високи и само растат, покажаа проценките на Ситигруп банката.

„Според нашето мислење, растот на глобалната економија е на многу несигурна точка, по две до три години на релативен мир“, соопшти тим на економисти од Ситигруп.

Тие велат дека долгогодишните проблеми во светската економија се однесуваат на структуралното и циклично забавување на Кина и нејзиниот неодржлив режим на девизен курс, потоа на огромното ниво на долгови во многу земји од светот, како и на тековната регионална и геополитичка криза.

Економистите истовремено ја ревидираа прогнозата на растот на глобалната економија за оваа година на 2,5 отсто, од претходно проектираните 2,7 отсто.

Најновото влошување на перспективите на глобалната економија, како што се наведува во извештајот, е последица на скромното влошување на шансите на развиените земји и заострувањето на финансиските услови во другите земји.

Ситигруп смета дека за избегнување на рецесијата и поголемо забавување на потенцијалниот раст на бруто-домашниот производ(БДП) на светот му е потребна лабава монетарна политика комбинирана со фискални поттици и структурни реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП