17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку голем е всушност Wal-Mart?

Колку голем е всушност Wal-Mart?

walmart-ventas-web222

Акциите на меѓународниот гигант во трговијата на мало минатата недела нагло поевтинија, откако компанијата ги претстави резултатите. Оценките на „Wal-Mart“ за четвриот квартал се 3 центи по акција, но вкупните приходи за фискалната 2016-та година се намалиле за речиси 1% – главно поради влијанието на силниот долар на меѓународните пазари, пишува „CNBC“.

А сепак „Wal-Mart“ е една од најголемите компании во светот. Општите нејзините приходи се намалуваат, но на внатрешно ниво тие се зголемени за 3,6% во однос на претходната година до 298 милијарди долари.

Ако се подели меѓу целото население на САД, тоа значи секој Американец потрошил по 900 долари во „Wal-Mart“ во минатата година.

Сериозноста на „Wal-Mart“, сепак не е само во финансиски израз, туку и во физички. Над 4.600-те американски продавници на компанијата покриваат повеќе од 65 милиони квадратни метри површина. Тој простор е доволно голем што ќе собере 11.800 фудбалски игралишта.

vol mart 33

Вкупните приходи на компанијата за фискалната 2016-та година изнесуваат 482,1 милијарди долари. Тоа е доволно за купување на галон (3,5 л.) млеко за секој човек во Бразил во текот на две години, врз основа неговата цена од 2,89 долари во продавниците на „Wal-Mart“ во Њу Џерси.

Трошоците на „Wal-Mart“ достигнуваат 458 милијарди долари за годината што е помалку од буџетите на само четири американски министерства. Ако се наредат во класификацијата по овој критериум, на прво место ќе биде Министерството за здравство, на второ – социјално, финансии и одбраната ќе се соодветно на трето и четврто место, по нив доаѓа „Wal-Mart“ и конечно сите останати институции.

Вработените на „Wal-Mart“, или „соработниците“, како што ги нарекува компанијата, се веќе 2,2 милиони луѓе. А тоа може да е една доста голема национална армија, како што покажува и табелата подолу.

vol mart 34

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП