11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцузите немаат пари за автомобили

Французите немаат пари за автомобили

francija5

Поседувањето на автомобил стана луксуз за секој втор Французин, покажува најновото истражување на маркетинг куќата ЦСА.

Според податоците од истражувањето кое е направено на 1.500 полнолетни лица во Франција, речиси една половина од анкетираните (49 проценти) велат дека немаат доволно средства за да го одржуваат својот автомобил.

Од технички преглед, гориво, осигурување, одржување, па се до патарина, трошоците за користење на возило драстично се зголемија, оцени портпаролот на ЦСА, Бенуа Артман. Трошоците за одржување на автомобилите сега се на второто место во семејниот буџет, зад киријата, а пред трошоците за исхрана.

Годишниот буџет за автомобил во последните пет години во Франција е значително зголемен, без оглед на тоа што Французите возат помалку, се наведува во истражувањето.

Во 2007 година за одржување на автомобил марка HD 307, кој поминал повеќе од 16.000 км беа потребни 6.700 евра, а за ист модел со помината километража од 15,500 км во 2011 година биле потребни 7.650 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП