12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска најбрзо ја развива дигиталната економија

Хрватска најбрзо ја развива дигиталната економија

digitalna-ekonomija

Новиот поредок на земјите членки на Европската унија според степенот на развој на дигиталната економија донесе некои изненадувачки победници и губитници.

Хрватска е севкупно најбрзорастечка земја, но според вкупниот број на поени сеуште е во долниот дел на листата, заедно со земјите како што се Полска, Кипар и Италија.

Имено, „Digital Economy and Society Index“ ја вклучи Хрватска меѓу земјите кои фаќаат приклучок, односно имаат вкупен број на поени помал од просекот на ЕУ, но растат побрзо од просекот.

Меѓу најголемите разочарувања е Франција, која веќе долго инвестира значителни средства во промовирањето на себе како напредна технолошка земја, но на оваа листа се наоѓа меѓу земјите кои заостануваат, односно имаат вкупен број на поени помал од просекот во ЕУ, а и растат побавно.

„Digital Economy and Society Index“ е извештај на Европската комисија во кој се мерат 28 земји членки во неколку категории: поврзаност (цена и достапност на широкопојасна врска), дигитална вештина на работната сила, користењето на интернет во секојдневните активности, прифаќање на дигиталните технологии (како облак услугите и електронската трговија), како и дигиталните јавни услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП