22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИPetrobras договори со кинеска банка кредит во износ од 10 милијарди долари

Petrobras договори со кинеска банка кредит во износ од 10 милијарди долари

petrobras 994

„Petroleo Brasileiro SA“ (Petrobras) договори кредит во износ од 10 милијарди долари од „China Development Bank“. Ова се случува откако бразилскиот државен нафтен производител ги доживува најлошите услови на нафтениот пазар со децении и се соочува со рок на доспевање на кредити во вредност од над два пати поголем од оној на заемот, пишува „Bloomberg“.

Кредитната линија е дел од договор за испорака на нафта во азиската земја, соопшти компанијата со седиште во Рио де Жанеиро – „Petrobras“. Количината што ќе се испорачува, не се наведува.

Кина инвестира во земји богати со нафта за да си го обезбеди „црното злато“. Азиската земја е најголемиот пазар на нафта, а слични трансакции од страна на САД, пак, и помогнаа на Венецуела да го финансира својот долг.

„Petrobras“ е заглавена во најголемиот корупциски скандал во Бразил, токму кога латиноамериканската земја минува низ рецесија, пад на внатрешната побарувач и пропаѓањето на нафтените цени, кои се за 70% пониски во однос на средината на 2014-та година.

Заемот е во линијата на договори потпишани меѓу Бразил и Кина во текот на минатата година, додаваат од нафтената компанија.

Тоа пак е последната од серијата трансакции спроведени меѓу „Petrobras“ и Кина во последниве години. Во 2009-та година договорот за 10 милијарди долари, вклучуваше ветувања за извоз на најмногу 150 илјади барели нафта на ден во првата година и 200 илјади барели во следните 9 години.

Во мај „Petrobras“ објави зделка вредна 10 милијарди долари со три кинески банки, а заемот вклучува и 5 милијарди долари од „China Development Bank“.

Уште во ноември главниот финансиски директор на „Petrobras“ Иван Монтеиро коментираше дека се најзадолжениот нафтен производител во секторот и ги испитуваат начини за земање заем за иден извоз на нафта, како дел од обидот да ја намалат зависноста од меѓународните пазари на капитал.

А финансирањето преку нив станува потешко, откако рејтингот на „Petrobras“ е веќе „junk“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП