3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин ја надокнадува штетата: Данокот на гориво повисок за 8%

Путин ја надокнадува штетата: Данокот на гориво повисок за 8%

putin-366

Рускиот парламент го усвои предлогот за зголемување на данокот на гориво, што е мерка која неодамна ја усвоија неколку земји производители на нафта.

Тоа е усвоено како компензација за губитокот поради падот на цената на нафтата на светскиот пазар.

Додека Алжир, Саудиска Арабија и Венецуела во последните недели значително ја зголемија цената на горивата, Русија се одлучи да ја зголеми цената на горивата за седум до осум проценти, односно помалку од самата инфлација во оваа земја, изјави помошниот на рускиот министер за финансии Јуриј Зубарев.

Литар бензин во Русија во моментов се продава за околу 35 рубљи, односно 40 евроценти според сегашниот курс.

Предлогот за зголемување на данокот на гориво го усвоија и двата дома од рускиот парламент. Рускиот претседател Владимир Путин треба да го потпише документот пред неговото стапување на сила, предвидено за 1-ви април.

Зубарев изјави дека државата очекува дека со оваа мерка ќе се добијат повеќе од 75 милијарди рубљи (925 милиони евра) оваа година.

Русија оваа година планира буџетски дефицит од три проценти, а владата ги намали трошоците за 10 проценти во однос на плановите за буџетот кои беа направени врз основа на проекцијата дека цената на нафтата ќе изнесува 50 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП