Северозападна Бугарија е најсиромашниот регион во Европската унија (ЕУ) за 2014-та година, покажуваат податоците на Евростат.
Регионалниот бруто домашнен производ (БДП) по глава на жител, мерен во СПС (стандард на куповната моќ, кој ги отстранува разликите во ценовните нивоа помеѓу земјите), во 2014-та година се движи од 30 проценти од просекот на ЕУ во бугарскиот Северозападен регион до 539 проценти од просекот во Внатрешен Лондон-запад, Велика Британија.
Водечки региони според куповната моќ по Внатрешен Лондон-Запад се Големото Војводство Луксембург (266%), белгискиот Брисел (207%), Хамбург во Германија (206%), Внатрешен Лондон-Исток во Велика Британија (204%) и Братислава во Словачка (186 %).
По северозападна Бугарија најлоши се француската територија Мајоте (31%), Јужниот централен регион во Бугарија (32%), како и Северниот централен регион на Бугарија (34%), и североисточните делови во Романија (34%).
Од вкупно 21 региони со БДП по глава на жител под 50 проценти од просекот на ЕУ пет се во Бугарија. Исто пет има во Полска и Романија, четири се во Унгарија и по еден – во Грција и Франција.