17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОдете на пауза дури и кога имате многу работа

Одете на пауза дури и кога имате многу работа

Bolt_in_office

Работниците би требало секојдневно да користат пауза, дури и кога имаат премногу работа, велат германските експерти.

„Ако не се одморите, сигурно ќе работите побавно“, советува Сабина Хорн, консултант во германскиот град Офенбах.

Таа вели дека е поисплатливо да инвестирате малку време во паузата и потоа освежени да продолжите со работа.

Особено младите работници ја потценуваат важноста на краткиот одмор и ризикот од премореност, предупредува Хорн.

За најдобар одмор важно е да се одалечите од работното место, бидејќи тоа го олеснува префлувањето на мислите на работи кои не се поврзани со работата, истакнува Хорн.

Особено е важно да земете доволно пауза за ручек во која не треба да правите други работи, како испаќање на меилови на смартфонот.

Работниците кои не заминуваат на пауза мислејќи дека немаат време за тоа, треба да се запрашаат дали од себеси бараат премногу, вели Хорн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП