7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНиската цена на нафтата го избриша профитот на Eni

Ниската цена на нафтата го избриша профитот на Eni

ени-мени

Италијанскиот концерн предвидува загуба од 7,79 милијарди евра, по профитот од 101 милион евра остварен во 2014 година.

„Eni“ се соочува со сериозен предизвик – падот на цените на нафтата во последната година и половина.

Најголемиот италијански нафтен концерн Eni забележа сериозна загуба поради падот на цените на нафтата.

Загубата во 2015 година изнесува 7,79 милијарди евра, објави компанијата со седиште во Милано. Пред една година, сепак, беше остварена добивка во износ од 101 милион евра.

„Eni“, слично на конкурентите „Exxon Mobile“, „BP“ и други компании од нафтената индустрија, се соочува со сериозен предизвик – падот на цените на нафтата во последната година и половина.

Зрак надеж за „Eni“ минатата година e отворањето на најголемото до денес, според компанијата, наоѓалиште на природен гас во Средоземното Море. Полето покрај обалата на Египет според „Eni“ може да содржи до 850 милијарди кубни метри гас. Тоа одговара на околу 5,5 милијарди барели нафта.

Властите во Египет ги одобриле плановите на Италијанците за екстракција уште во почетокот на годината. Планирано е производството да почне кон крајот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП