Последниот ден оваа седмица заврши со вкупен промет од 7,7 милиони денари, што е значајно поголем во однос на претходните денови.
Овој промет беше остварен преку 56 трансакции и истргувани вкупно 18.274 хартии од вредност.
Во петокот беа истргувани три акции со промет над милион денари. И тоа, со акцијата на Алкалоид АД Скопје беше остварен промет од 1.781.650 денари, со акцијата на Реплек АД Скопје од 1.480.000 денари и со акцијата на Охридска банка АД Скопје која забележа промет од 1.438.690 денари.
Најголем пад на вредноста од 3,51 отсто забележа акцијата на Витаминка АД Прилеп која беше тргувана по просечна цена од 8.250 денари. На спротивната страна на чело на листата на добитници се најде акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со раст од 2,07 отсто која беше тргувана по просечна цена од 2.349,65 денари.
Индексите МБИ-10 и ОМБ денеска забележаа раст од 0,48 и 0,70 отсто , и на крајот од денот имаа вредност од 1.795,35 и 128,91 индексни поени, соодветно.