19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштена во употреба новата спортска сала во Ченто

Пуштена во употреба новата спортска сала во Ченто

sala 33535

Спортската сала “Крсте Мисирков” при ОУ “Крсте Мисирков” во скопската населба Ченто денеска свечено беше пуштена во употреба.

„Спортската сала која ја ставаме денска во функција верувам ќе биде од огромна поддршка за учениците од ОУ ‘Крсте Мисирков’ за изведување на наставата по физичко, но и за вонучилишни спортски активности, а ќе може да се користи и од сите спортски клубови и граѓани, кои ќе сакаат рекреативно да спортуваат. На површина од околу 1.400 метри квадратни, со трибини и модерни спортски реквизити, ќе можат да се практицираат најразлични видови на спортови како што се: мал фудбал, кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика, пинг-понг, но и да се следат бројни спортски натпревари”, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.

Спасески потенцираше дека новата спортска сала е 34-та изградена по ред, а е 220-тиот спортски објект реализиран од Агенцијата за млади и спорт. Оваа сала, посочи Спасески, била дел од приоритетите бидејќи е барање на граѓаните од населбата Ченто.

На свеченото отварање се обрати и Вицепремиерот Владимир Пешевски кој истакна дека Владата ќе продолжи да инвестира во спортот, од кој бенефит имаат сите граѓани.

На отворањето, покрај вицепремиерот Пешевски, присуствуваа и владини министри, градоначалниците на Скопје и општина Гази Баба Коце Трајановски и Тони Трајковски, како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП