27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБаросо: Нема повеќе опасност за еврото

Баросо: Нема повеќе опасност за еврото

baroso3

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо смета дека опасноста за опстанокот на заедничката европска валута – евро, повеќе не постои.

„Верувам дека егзистенцијалната криза помина“, изјави тој.

Баросо е уверен дека во врска со кризата околу еврото најлошото помина. Според него, пред една година се зборуваше за крајот на еврото, не постоеше довербата на инвеститорите, а сега се враќа довербата во европската валута.

Причината за загриженост поради економската состојба постои и понатака, вели тој и додава дека во некои земји членки на ЕУ социјалната ситуација е ужасна.

Баросо смета дека е потребно да се работи на зајакнувањето на конкуренцијата преку повторно добивање на довербата од потрошувачите и компаниите.

Во однос на тоа, Баросо особено ја истакна потребата за консолидација на буџетот.

Исто така, истакна дека борбата против невработеноста претставува најголем приоритет и изрази задоволство што во новите преговори е договорена „Европската гаранција за младината“, каде што значително допринесе Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП