18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија оствари раст од 2,9 отсто

Словенија оствари раст од 2,9 отсто

slovenijaplataluge1

Словенечкиот БДП порасна во 2015 година за 2,9 отсто, покажува првичната процена на словенечкиот завод за статистика.

Трендот на растот е поголем од очекувањата и прогнозите, со оглед дека владиниот уред за макроекономски анализи прогнозираше дека БДП во 2015 година ќе се зголеми за 2,4 отсто, а за 2 отсто во оваа година.

Словенија по повеќегодишна рецесија првите знаци на закрепнување на ги забележа на почетокот на 2013 година. Откако во 2012 година имаше пад на БДП-то за 2,3 отсто, во следната година оствари раст од 1,2 отсто, а во 2014 година 2,9 отсто од БДП.

Растот на словенечкиот бруто национален производ во последниот квартал од минатата година изнесуваше 0,6 отсто на квартално ниво и 2,6 отсто во однос на последниот квартал од 2014 година.

Кон позитивниот економски тренд придонесе јакнењето на домашната побарувачка при што домашната побарувачка во 2015 година порасна за 3,7 отсто, објави заводот за статистика.

На растот влијаеше и надворешната побарувачка, па извозот во 2015 година беше зголемен за 5,2 отсто и останува еден од главните фактори на растот кој трае од средината на 2013 година.

Бруто инвестициите лани се зголемени за 8,1 отсто. Раст од над 5 отсто е забележан во преработувачките дејности, трговијата угостителството, додека во градежната дејност е забележан петти квартален пад по ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП