2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Хрватите им тргна, го дочекаа петтиот раст

На Хрватите им тргна, го дочекаа петтиот раст

hrvatska-hrvati-hrvatska

Бруто домашниот производ (БДП) на Хрватска порасна во четвртиот квартал за 1,9 проценти во однос на истиот период во 2014 година.

Според објавената прелиминарна проценка на Државниот завод за статистика на Хрватска, економскиот раст е побавен од претходниот квартал и помал отколку што се очекуваше, но тоа сепак е петти последователен квартал со раст на БДП, информира „Пословни дненик“.

Осум макроекономисти, кои учествуваа во анкетата на Хина, во просек прогнозираа раст од 2,1 проценти на годишно ниво во последниот минатогодишен квартал. Притоа, нивните проценки за раст се движеле во распон од 1,8 до 2,6 проценти.

Во третиот квартал хрватскиот БДП скокнал 2,8 проценти, најмногу од вториот квартал во 2008 година.

Во цела 2015 година хрватската економија реално пораснала за 1,6 проценти во однос на 2014 година.

Според сезонски прилагодените податоци, БДП во четвртиот квартал ослабнал во однос на претходниот квартал за 0,5 проценти, додека во однос на четвртиот квартал од претходната година скокнал за 2,0 проценти, се наведува во текстот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП