17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

Пад на цените на производителите на индустриски производи на домашниот пазар

proizvodstvo industrisko34

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јануари 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.2% на месечно ниво, односно за 0.4% на годишно ниво.

Во јануари 2016, во споредба со декември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6%, додека во групата Енергија цените се останати на исто ниво.

Во јануари 2016, во споредба со јануари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 1.2%, Енергија за 0.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП