4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриродното движење на населението во последниот квартал од 2015-та

Природното движење на населението во последниот квартал од 2015-та

mk plostad 33

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2015-та година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 0.6% и изнесува 5.758 живородени деца.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2015-та година бележи намалување од 1.3% во споредба со истото тримесечје од 2014-та година и изнесува 5.093 лица, а од нив 53 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 665 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 6.7 % во споредба со истиот период од 2014-та година и изнесува 3.494 бракови.

Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување од 23.6% во споредба со истиот период од 2014-та година и нивниот број изнесува 507.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП