18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на европските берзи предводен од рударскиот сектор

Скок на европските берзи предводен од рударскиот сектор

berza frankfurt

Европските берзански индекси дополнително зајакнаа, по силниот пораст во претходниот ден, што пред сѐ се должи на јакнењето на акциите во рударскиот сектор и охрабрувачките вести од компаниите.

ЛондонскиFtse околу пладне беше во плус за 1,25 отсто, на 6.087 поени, франкфуртски DAX е во добивка од 2,3 отсто, на 9.549 поени, а париски CAC беше во плус 2,2 отсто и изнесуваше 4.342 поени.

Најголем добитник беше рударскиот сектор каде во просек цените на акциите зајакнаа за 3,2 отсто, по остриот раст на цените на клучните индустриски метали, како што е бакарот и алуминиумот.

Акциите на гигантите во оваа индустрија, Glencore, BHP Billiton и Rio Tinto, зајакнаа во распон од 4,3 до 6,4 отсто, што значи дека во значителна мера се заслужни за растот на паневропскиот индекс на акциите на 300 европски компании. Индексот во еден момент достигна 1.308 поени, највисоко ниво од почетокот на февруари. Вчера тргувањето го заврши во плус за два отсто и на пат е да оствари втора последователна неделна добивка.

Поддршка на европските берзи пружи јакнењето на акциите на европските берзи, откако од состанокот на министрите за финансии и на гувернерите на централните банки на 20 најголеми светски економии кој се одржува во Шангај беа испратени охрабрувачки пораки. Од изјавите се издвојува онаа на гувернерот на кинеската централна банка дека Пекинг има уште простор и инструменти за поттикнување на растот на кинеската економија, втора по големина на светот.

„Интензивните шпекулации дека кинеската централна банка наскоро би можела да преземе дополнителни мерки за поттикнување на растот на економијата беа причина за позитивно расположение на берзата“, рече Маркус Хјубер, трговец во City of London Markets.

Од позитивните компании се издвојува најавата на шпанската Amadeus дека планира да исплати дивиденда во висина од 50 отсто од остварената добивка во 2016 година, по што акциите зајакнаа за 4,3 отсто. Сателитскиот оператор SES забележа раст на цената на акциите од 5,6 отсто, откако за оваа година прогнозираше стабилни или благо зголемени приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП