12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот штотуку ги удира темелите на новата криза

Светот штотуку ги удира темелите на новата криза

свет-криза

Експанзивните фискални и монетарни политики кои ги спроведуваат владите со цел да го поттикнат економскиот раст може да постават темели за нова економска криза.

Тоа го изјавил германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле.

Тие, долго финансирани, фискални политики и политики на монетарно прилагодување беа само умерено успешни во поттикнувањето на растот, при што нивото на јавен и приватен долг во светот сега е преголемo, рекол Шојбле на конференцијата во пресрет на состанокот на министерите за финансии од групата Г20 – водечки економии во светот во Шангај, пренесува Ројтерс.

„Фискалните како и монетарните политики ги достигнаа своите лимити. Ако сакате реален економски раст, за тоа не постојат пречки кои ги избегнуваат реформите“, оцени тој и додаде дека „приказните за понатамошни поттикнувања само не одвраќаат од вистинските задачи кои треба да ги следиме“.

„Ние, значи, не се согласуваме со пакетот фискални стимулси на Г20 кои некои ги заговараат, поради опасност потенцијалните ризици да се остварат“, рекол германскиот министер.

Моделот на раст финансиран со долг го достигна својот лимит, повторил Шојбле, укажувајќи дека тој модел дури „предизвикува нови проблеми, нараснување на балонот на долг и прекумерно преземање на ризик, што економијата ја претвора во зомби“.

Шојбле говореше на конференцијата во Институтот за меѓународни финансии во Шангај пред состанокот на гувернерите на централните банки и министрите за финансии на Г20, наведува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП