26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален протокот на мигранти, за 24 часа во земјава влегле само 170...

Намален протокот на мигранти, за 24 часа во земјава влегле само 170 лица

migranti 33535

Во четвртокот од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 170 странски државјани, од кои 59 од машки и 41 од женски пол, како и на 67 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и три деца кои патуваат без придружба на родител.

Според државјанството, потврди се издадени на 128 државјани на Сирија и на 42 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

До Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од почетокот на годината ,пак, издадени се потврди за влез во земјата на вкупно 87.206 странски државјани, од кои 34.588 се од машки пол, 19.041 се од женски и 33.365 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 212 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-42.779, Авганистан-26.546 и Ирак-17.878. Во посочениот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП