22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHenkel предвиде 50% раст на профитот во четвртиот квартал

Henkel предвиде 50% раст на профитот во четвртиот квартал

henkel 933

Германскиот производител на стока за широка потрошувачка „Henkel“ објави раст на профитот за четвртиот квартал, потпомогнат од стабилно зголемување во сите деловни сегменти.

Производителот на детергентите „Persil“, козметиката за коса „Schwarzkopf“ и лепилото „Loctite“ предвиде нето добивка за периодот октомври – декември во вредност од 446 милиони евра, што е 50% раст во однос на истиот квартал лани, објави „MarketWatch“.

Растот се должи на стабилните приходи од продажба и соодветните добивки кај козметичките производи, стоките за домаќинство и лепак. Во четвртиот квартал од 2014-та година „Henkel“ забележа помала добивка заради вонредните трошоци за реструктуирање.

Приходите во последните три месеци од минатата година се во вредност од 4,4 милијарди евра, што е раст во однос на 4,1 милијарди евра во четвртиот квартал на 2014-та година.

„И покрај тешката економска ситуација имавме силни финансиски перформанси, продолживме успешно да ја спроведуваме стратегијата и вложивме стабилна основа за својата иднина“, вели Каспер Рорстед, извршениот директор.

Откако го презеде управувањето во 2008-ма година, Рорстед ги подобри сите финансиски показатели на компанијата. Во јануари тој објави дека ја напушта „Henkel“ подоцна во оваа година и ќе ја предводи компанијата за спортски стоки „Adidas“.

За 2015-та година компанијата предвиде раст од 19% во нето профит или до 1,9 милијарди евра, а приходите ќе изнесуваат 18 милијарди евра. Во 2016-та година „Henkel“ очекува органската продажба да нарасне помеѓу 2 и 4%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП