6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Хонгконг е светски лидер по највисоки кирии на првокласните...

График на денот: Хонгконг е светски лидер по највисоки кирии на првокласните канцеларии

hongkongg

Канцелариите во централниот регион на Хонгконг се најскапите во светот, покажуваат податоците на консултантската компанија „JLL“.

Во својот прв извештај „Premium Office Rent Tracker“ кој ги споредува 24 од водечките пазари во светот, компанијата наведува дека годишниот наем на кв/м канцеларија површина во центарот на Хонгконг изнесува над 2.800 долари годишно.

office 02

Второто место е за Вест Енд во Лондон со близу 2.600 долари годишно. Третата позиција е за финансиската област на Пекинг со малку над 2.100 долари годишно, четврти е Њујорк со речиси 1.840 долари, а петти е Шангај со над 1.460 долари.

Топ 10 најскапи пазари на канцеларии во светот се дополнува со Токио, Сан Франциско, Москва, Делхи и Дубаи.

office 01

Од европските градови во топ 20 место има само за Париз и Франкфурт кои се на 14-то и 17-то место. Мадрид и Амстердам се 23-ти и 24-ти на листата.

Компанијата ги истражува сите клучни елементи од трошоците на станарите – нето ефективни за изнајмување, надоместоците за дополнителни услуги и имотните даноци. Податоците покажуваат дека дополнителните трошоци за изнајмување се највисоки во Лондон. Релативно повисоки се и дополнителните трошоци во Њујорк, Москва, Лос Анџелес и Торонто во споредба со останатите водечки пазари на канцеларии во светот.

Во извештајот се наведува дека високите цени во првите три од најскапите пазари на канцеларии во светот се негува од недостатокот на квалитетни површини и силната побарувачката. Уделот на празните канцеларии во централен Хонгконг пример е веќе само 1,2%. Во Вест Енд тој достигнува 2,6%, а во Њујорк малку над 6%.

office 03

Меѓу пазарите со најнизок слободен удел на квалитативните канцеларии се дополнуваат уште со Марунучи во Токио – 2,2%, Сингапур – 2,8%, и Пудун во Шангај – 4%.

Експертите нагласуваат дека се засилува конкуренцијата на пазарите на канцеларии во новите економии. Пекинг и Шангај пример веќе се многу блиску до постигнување на зрелост на пазарот на канцеларии. Градовите демонстрираат импресивна способност да апсорбираат високи нивоа од дополнителни канцелариски простори, а трендот е поддржан од брзото темпо со кои се создаваат нови компании. Тоа е и причината наемните нивоа во Пекинг и Шангај веќе да се повисоки во споредба со оние на утврдените пазари од Азија, како Токио и Сингапур.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП