6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо македонски пасош без виза во 107 земји

Со македонски пасош без виза во 107 земји

54013

Македонскиот пасош е рангиран на 46-то од 199 места на листата на американската консултантска фирма Henley & Partners, односно без виза со него може да се патува во 107 земји.

Од регионот, пред Македонја се пасошите на Грција (7 место), Словенија (11), Бугарија (18) и Хрватска (22), Србија (43), а зад Македонија се Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција и Албанија. Некои од земјите, пак, кои бараат виза за македонските граѓани се Велика Британија, Канада, САД, Јужна Кореја, Јапонија итн.

На првото место на листата на Henley&Partners е Германија, а по неа следат Велика Британија, Финска, Шведска и САД. На последните места на оваа табела, пак, се пасошите на Сирија, Пакистан, Сомалија, Ирак и Авганистан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП