3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтор ден по ред акцијата на Охридска банка АД Скопје најтргувана

Втор ден по ред акцијата на Охридска банка АД Скопје најтргувана

makedonska-berza

Втор ден по ред акцијата на Охридска банка АД Скопје беше најтргувана акција со остварен вкупен промет од околу 1,61 милиони денари, преку 6 трансакции, при што беа истргувани вкупно 701 акции по просечна цена од 2.300 денари.

Иако беше најтргувана, оваа акција се најде на врвот на листата на губитници бидејќи во четвртокот имаше најголем пад на нејзината вредност од 2,92 проценти.

Наспроти ова, листата на победници ја предводеше акцијата на Бетон АД Скопје, со раст од 2,99 отсто и просечна цена од 6.900 денари. Зад неа следеа акциите на Тетекс АД Тетово и Алкалоид АД Скопје со раст на акцијата од 2,95 и 1,24 отсто, соодветно.

Вкупниот промет изнесуваше од околу 4,89 милиони денари реализирани преку 37 трансакции и истргувани вкупно 2.978 акции, при што индексот МБИ-10 забележа повторно пад од 0,40 отсто изнесуваше 1.786,78 индексни поени, додека пак индексот ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП