18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија лани остро забави

Британската економија лани остро забави

velika-britanija-britanija

Британската економија во минатата година оствари раст од 2,2 отсто, остро забавувајќи во споредба со 2,9-отстотниот раст во 2014 година, покажуваат процените на заводот за статистика ONS.

Втората по големина економија на Европската унија, која не е дел на еврозоната, сепак покажува знаци на скромно закрепнување во последниот квартал.

Британската економија во последното тромесечје од минатата година порасна за 0,5 отсто на квартално ниво, по 0,4-отстотниот раст во претходните три месеци.

На годишно ниво британскиот БДП порасна за 1,9 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП