21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентар Жупа се збратими со турската општина Алтернова-Јелова

Центар Жупа се збратими со турската општина Алтернова-Јелова

zupa 3333

Руралната општина Центар Жупа каде што турската етничка заедница е во мнозинство, денеска се збратими со општината Алтернова, која е една од општините во поморскиот град Јалова. Меморандумот за збратимување го потпишаа градоначалникот на центар Жупа Арјан Ибраим и на Алтернова Метин Орал.

Според потпишаниот документ, двете општини ќе соработуваат во сферата на културата и социјалата, но најавени се и инвестиции на турските бизнисмени во Центар Жупа.

Градоначалникот на Центар Жупа Аријан Ибраим изјави дека со овој документ за збратимување ќе се продлабочи започнатата соработка.

Според него Жупа очекува и турски инвестиции на бизнисмени од оваа општина.

Градоначалникот на општината Алтернова, инаку една од 14 општини на познатиот турски град Јалова, Метник Орал нагласи дека збратумувањето е само доказ за одличните односи помеѓу двете пријателски држави Македонија и Турција.

Во турската општина има и иселеници од Македонија, кои таму се иселени во педесетите години од минатиот век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП