7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на цената на нафтата поради растот на американски резерви и загриженоста...

Пад на цената на нафтата поради растот на американски резерви и загриженоста за светската економија

nafta 4839

Цената на нафтата падна на светските берзи откако континуираниот раст на резервите во САД повторно во прв план го турна прекумерното снабдување и тоа во услови на забавување на глобалната економија.

На лондонската берза цената на барелот падна 45 центи во однос на претходното затворање, на 33,96 долари. На американската берза со барел се тргува по пониска цена, од 31,80 долари.

Американските резерви на сирова нафта минатата недела пораснаа за 3,5 милиони барели, покажаа официјалните податоци на владата во Вашингтон, достигнувајќи ново рекордно ниво над 507 милиони барели. Податокот повторно го сврти вниманието кон проблемот на прекумерно снабдување.

„На пазарот на нафта моментално доминира темелниот став дека глобалното производство на големо ја надминува глобалната побарувачка“, толкува Рик Спунер од CMC Markets.

Дополнителен ризик кој цената на нафтата ја задржува на ниско ниво е забавување на глобалната економија, со оглед дека тоа би можело да ја придуши побарувачката за енергија.

„Глобалните изгледи за растот дополнително се влошени, при што влошување се бележи во сите развиени економии, надоврзувајќи се на постоечката слабост на пазарите во развој“, објавија економистите на Citi во својата белешка.

Надолниот тренд сепак го закочи охрабрувачкиот податок од неделниот американски извештај за силната побарувачка за бензин, која во минатата недела изнесуваше 9,06 милиони барели дневно, во однос на 8,6 милиони барели дневно во претходната недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП