20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Денови на шведска култура“ во Сеавус

„Денови на шведска култура“ во Сеавус

markus

Започнувајќи од четвртокот, софтверската компанијата Сеавус® во Скопје организира „Денови на шведската култура“, при што беше претставена изложба на портретни фотографии „AccessAbility“ од фотографот Маркус Марчетиќ.

Изложбата, која е продуцирана од Шведскиот институт во Македонија ја донесе амбасадата на Кралството Шведска и има за цел да раскаже приказни на 14 лица со попреченост.

Заменик-амбасадорот на амбасадата на Кралството Шведска, Азедах Алиан, ја отвори изложбата во Сеавус® и осврнувајќи се кон ова важно прашање, објасни на кој начин владата во Шведска се грижи за инклузија на лицата со попреченост во секојдневниот живот.

Фотографиите ќе бидат поставени во Сеавус® во текот на неделата. За приближување на шведската култура, вработените во компанијата имаа можност да уживаат во „фика“, швeдски концепт на кафе-пауза и да го дегустираат шведското национално пециво со цимет „канелбуле“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП