ЕКОНОМИЈА

СКСЗМ потпиша Меморандум за соработка со Советот за заштита на потрошувачите на градот Скопје

memorandum grad skopje 353

Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија(СКСЗМ) денеска потпиша меморандум за соработка со Советот за заштита на потрошувачите на градот Скопје.

Советот, меѓу другото се грижи за развојот на нови односи меѓу потрошувачите и производителите, според тоа, потребно е во прилог на потрошувачите, нивното право да го знаат и производителите или давателите на услуги.

Целта на овој меморандум за соработка е изразувањето на јасен интерес на двете страни за координирање на заедничките активности.

Со овој меморандум се предвидени и организирање на редовни средби, кои се од особено значење за меѓусебното поврзување на фирмите, Комората и Советот за заштита на потрошувачи на Град Скопје, со цел за подобрување на конкурентноста на фирмите, унапредување на деловното опкружување и зголемување на продажбата на услугите на пазарот.