6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната забележа благо зголемување во јануари

Инфлацијата во еврозоната забележа благо зголемување во јануари

infa 33

Инфлацијата во еврозоната изнесува 0,3% на годишна основа во јануари, што е благо забрзување во однос на 0,2% во декември 2015-та година, но под прелиминарните податоци за 0,4%, што беа објавени на 29-ти јануари, покажуваат податоците на „Еуростат“.

Основната инфлација во која не влегуваат нестабилните цени, како оние на горивото, се зголемува до 1 отсто во јануари од 0,9% во декември, покажува уште статистиката на „Еуростат“. Енергетските трошоци се намалиле за 5,4%.

Во целата Европска унија растот на потрошувачките цени за првиот месец од годината е 0,2%, а вредноста е иста спрема декември. Година порано вредноста беше негативна: -0,5%.

Во јануари се забележува негативен раст на годишна основа во десет земји членки. Најниските вредности се регистрирани во Полска (-1,7%), Романија (-1,5%) и Кипар (1,1%).

Најмногу нагло растат цените во Белгија (1,8%), Австрија (1,4%) и Шведска (1,3%).

infa eu 0011

Најголем мотив за растот на инфлацијата во еврозоната доаѓа од рестораните и кафулињата кои генерираат 0,10 процентни поени од зголемувањето. Следат тутунските производи и овошјето (по 0,06 поени). Транспортните горива бришат 0,28 процентни поени од растот на цените, горивата за греење – 0,18 поени, а гасот – 0,11 поени.

Првичната прогноза за инфлацијата за февруари ќе биде објавена на 29-ти февруари.

На позадина на мрачните изгледи за инфлација, централните банкари на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе ја преиспитаат својата актуелна политика, базирана на пакет од негативни каматни стапки и програма за купување на обврзници за 1,5 илјади милијарди евра на средбата на 9-ти и 10-ти март во Франкфурт. Падот на цените на суровините и забавувањето на растот во Кина и пазарите во развој го намалија ценовниот притисок, што го отежнува постигнувањето на среднорочната цел на централната банка за инфлација од малку под 2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП