23 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБизнис совети од поранешниот претседател на Индија

Бизнис совети од поранешниот претседател на Индија

APJ-Abdul-Kalam

А.П.Ј. Абдул Калам беше 11-тиот претседател на Индија од 2002 до 2007 година. Тој по професија бил научник, студирал физика и авио-инженеринг, а подоцна влегол во политиката. Калам почина на 27. јули минатата година.

Ова се некои од неговите заповеди за работниците. Нека бидат потсетник што е важно во животот, за сите кои често ја ставаат работата пред семејството и пријателите.

– Сакај ја својата работа, но немој да ја сакаш својата компанија, бидејќи можеби нема да знаеш кога компанијата ќе престане да те сака тебе.

– Работата е процес кој нема крај. Никогаш не може да се заврши.

– Интересите на клиентите се важни, вашето семејство исто така.

– Доколку потфрлите во животот, помош нема да ви понуди ниту шефот, ниту клиентот. Вашето семејство и пријателите ќе ви понудат.

– Животот не се состои само од работата, клиентите и канцеларијата. Постои нешто повеќе. Потребно ви е време да се дружите, забавувате, опуштите и вежбате. Не дозволувајте вашиот живот да биде без смисла.

– Личноста која останува во канцеларија до доцна не е вредна. Тој или таа е будала која не знае да управува со зададеното време. Тој или таа не е компетентна за таа работа.

– Не учевте толки и не се боревте толку во животот за да станете машина.

– Ако вашиот шеф ве принудува да работите до доцна, можно е тој или таа да е нестручен и да живее живот без смисла, а тоа е заразно па така и вие можете да станете такви.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП